СДСМ Прилеп: ДПМНЕ веднаш да се извини за навредите на Дулиќ!

Од:

„На почеток сакаме на сите граѓани на Општина Прилеп да им го честитаме празникот св.Никола, и на сите оние кои го слават како домашна слава. Нека е за многу години!“

„Во Неделата, на законодавно-правната комисија во Собранието на Р.Македонија, прилепчани беа брутално навредени од страна на претседателот на истата комисијата од редовите на ДПМНЕ – Благордна Дулиќ! За Благородна Дулиќ и ДПМНЕ прилепчани се мајмуни! Како не ви е срам? Ова е врв на вашиот безобразлук и лицемерие!“, рече Миле Талески на прес конференција и додаде:

Бараме од претседателот на Општинскиот Комитет на ДПМНЕ од Прилеп – Никола Димески, од градоначалникот во заминување Марјан Ристески, од пратениците Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, веднаш јавно да се оградат од ваквата скандалозна навреда во законодавниот дом и да им се извинат на прилепчани, за тоа што беа наречени мајмуни од страна на пратеник од нивните редови.

Господо од ДМПНЕ доколу веднаш не им се извините на прилепчани за изречената навреда, О.О на СДСМ од Прилеп секој ден јавно ќе ве повикува да се извините.

Господине Марјан Ристески, Со што ги заслужија ваквите навреди твоите сограѓани прилепчани, меѓу кои и оние 22 илјади кои на последните избори го дадоа гласот за ДПМНЕ. Доколу не се извините Вие станувате поддржувач на ставот на Благородна Дулиќ за прилепчани.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните