СДСМ: Придобивките од членството во НАТО се видливи, Северна Македонија веќе го користи системот за командување со инциденти

Од:

Во време кога сме соочени со силна здравствена и економска закана, се остваруваат двете најголеми стратешки цели на државата, нашата држава и официјално стана членка на НАТО и започнува преговори со ЕУ а веќе сведочиме на првичните придобивки од овие успеси, се вели во соопштението на СДСМ.

„Европската Унија како првична помош во справување со коронавирусот одвои меѓу 66 и 70 милиони евра за нашата држава, а како членка на НАТО Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО за да го координира својот одговор на кризата ковид-19 и да и обезбеди на својата јавност информации и совети во реално време. Тоа се првите и директни придобивки од нашиот напредок во евроинтеграциите. Во време на ваква криза, државата, институциите покажаа дека имаат капацитет да работат на реализација на важните цели, да работат посветено во интерес на граѓаните и државата. Како одговорна партија целосно сме насочени кон заштита на здравјето на граѓаните како врвен приоритет преку поддршка на институциите кои бескомпромисно се борат против заканата од ширењето на коронавирусот“,  соопштуваат од СДСМ.

Од партијата апелираат сите граѓани  целосно и доследно да ги почитуваат мерките и препораките на надлежните институции со цел заеднички да се избориме и излеземе како победници од оваа криза.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“