СДСМ: Пресудите за „Плацеви на Водно“ се нова потврда, ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија

Од:

„Пресудите во предметот „Плацеви на Водно“ се уште една силна потврда на она што граѓаните, македонската јавност, сите многу добро го знаат: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија. Шефот на Мицкоски е осуден со нова судска пресуда од 7 години“, соопшти СДСМ.

„Перење пари, противправно богатење, криење имот па дури и злоупотреба на пари од членови на ВМРО-ДПМНЕ се кривичните дела што шефот Мицкоски ги сторил во овој судски предмет.

Овие кривични дела за коишто сега веќе има судска пресуда се направени и во 2015 година, период кога Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски.

По случаите „Тенк“ и „Насилство во Центар“ ова е трета пресуда со затворска казна за Груевски.

Но зошто молчи Мицкоски?

ВМРО-ДПМНЕ останува најкриминалната партија во Европа, а Мицкоски останува единствениот на браникот на криминалот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски