СДСМ: Премногу е Мицкоски, дома да глумиш патриот а надвор да ги поткопуваш државните позиции

Од:

„Христијан Мицкоси се грижи единствено за личниот и партискиот интерес дури и кога државата се справува со последиците од светската економска криза, дури и кога е во важен период за евроинтеграциите. Тоа е навистина премногу неодговорно“, соопштува СДСМ.

„Премногу е Мицкоси, да глумиш патриот дома а надвор на Конгрес на ЕПП премолчено да поддржуваш Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.

Премногу е да се криеш од ова прашање и да не дадеш одговор.

Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза да ја блокираш работата на Собранието, да кочите закони на штета на граѓаните.

Премногу е Мицкоски, по секоја цена да го браниш криминалот на твојата ВМРО-ДПМНЕ.

Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза твоите градоначалници да трошат милиони евра за партиски вработувања и аздисување и да не одвојат ниту денар за помош на граѓаните.

На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО