СДСМ: Преку дијалог до решение, прекин на наставата е на штета на учениците

Од:

„Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Но, најважниот интерес на учениците е да се обезбеди континуитет на наставата, особено сега после пандемијата. Наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место, а преку дијалог да се изнајде издржливо решение“, соопшти СДСМ.

„Токму преку дијалог изминатите 4 години, СДСМ платите во образованието и детската заштита ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари.

Наставник во основно образование добива повисока месечна плата за над 3.200 денари, додека воспитувачките во градинките имаат плати повисоки за над 6.000 денари, споредено со периодот од пред 4 и пол години, односно во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај растот на платите, инвестиравме и во нови работни места. Во овој период во градинките се вработени над 1.000 воспитувачки, негувателки, помошен персонал, а нивните договори ги трансформиравме на неопределено време.

СДСМ континуирано покажува дека го цени и вреднува трудот на наставниот кадар. Со Законот за наставници и стручни соработници, закон кој ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира, обезбедуваме трансформација на работните односи за околу 4.700 наставници и стручни соработници во основно и средно образование.

Ако се усвоше овој Закон, сега платите на наставниците ќе беа зголемени и 4.700 наставници и стручни соработници ќе добиеја економска сигурност на работните места. Сите овие политики се донесени низ дијалог со синдикатите, работниците и надлежните институции.

Така и ќе продолжиме, низ дијалог ќе најдеме решение кое е во интерес на наставниците, учениците и нивните родители“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата