СДСМ: Преку 70.000 граѓани го кренаа гласот на скопскиот плоштад

Од:

Митингот во Скопје беше најголемиот митинг до сега, каде граѓаните бучно, масовно и демонстративно го кренаа својот глас и си ја побараа иднината сега. Според проценките, преку 70.000 граѓани присуствуваа на скопскиот плоштад, а митингот во живо преку интернет мрежата го следеа околу 20 илјади интернет корисници.

Ова го кажа генералниот секретар на СДСМ Адреј Петров според кого митингот и покрај големиот револт кај граѓаните поминал без ниеден инцидент.

„Јасно и гласно, порачавме дека не се согласуваме со борокната кич идеологија, дека плоштадот не е ексклузивитет на ВМРО-ДПМНЕ, но докажавме и дека немаме намера да бидеме деструктивни кон спомениците, фасадите, врбите и сите останати предмети на Скопје 2014, бидејќи и тие се направени со парите на граѓаните. Покажавме дека знаеме достоинствено да го изразуваме својот револт и цивилизирано да ги поддржиме нашите кандидати“,рече Петров.

Тој кажа дека со овој митинг е заокружен списокот за кандидати за градоначалници во речиси 90% од општините, додека ВМРО-ДПМНЕ не претставиле ниту едно име.

„Вчера беа испратени важни пораки до присутните граѓани, но и до целата македонска јавност. Власта имаше можност да слушне како десетици илјади граѓани бараат промени, си ја бараат иднината сега и како гласно и недвосмислено бараат предвремени парламентарни избори во март. Граѓаните очекуваат одговор на ова прашање и власта треба да се охрабри, што побрзо да им го даде“, рече Петров.

Тој потвори дека СДСМ бара предвремени парламентрани избори во март.

„Во зависност од она како што ќе се случуваат работите во следниот период, така ќе се однесува и СДСМ во делот на техниката како да дојдеме до предвремени парламентарни избори. Она што јас можам да го истакнам е дека ние очекуваме, а има доволно време, изборното законодавство да биде променето, и не бараме ништо повеќе од препораките на ОБСЕ и ОДИХР. СДСМ ќе се повлече од делот од своите барања и ќе побара во Парламентот да се усвојат само препораките на ОБСЕ и ОДИХР за изборното законодавство. Тоа е работа која може да трае десетина, петнаесет дена, не повеќе, а заради сето тоа сметаме дека имаме доволно време за четири и пол месеци пред претпоставените избори овие прашања да ги затвориме во интерес на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди