СДСМ: Предложивме седум кандидати за претседател на комисијата, ВМРО не прифати ниту еден

Од:

Жалиме што владејачката партија во својот веќе одамна познат манир на политичко дејствување, продолжува да се однесува несериозно. Очигледно под притисок сака јавно да одглуми конструктивност, а предлага нешто што нема никаква логика, и одамна е ставено ad-acta и не е предмет на било какви разговори, реагираат од СДСМ на денешната прес конференција на Илија Димовски.

СДСМ до сега на ВМРО-ДПМНЕ му предложи седум кандидати за претседател и прифати еден од предлозите на власта кој не се реализираше.

За вакво крупно политичко прашање ние немаме намера да се препукуваме или докажуваме преку медиумите.

Она што е наш став дека консензусот како механизам за одлучување, особено за настаните пред и на 24-ти декември, може да биде злоупотребен како механизам за блокада со која Комисијата никогаш нема да ја заврши својата работа, што не смее да биде ничија цел.

СДСМ останува отворен за конструктивни предлози кои ќе бидат во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски