СДСМ: Предлогот Јелена Жугиќ да биде во УО на МКЦ треба да се повлече

Од:

Речиси два месеци после изборот, градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажува неспособност и носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје. СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции рече денеска на прес конференција Стефан Васев од СДСМ.

-Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен. Актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми. МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура.Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат, вели Васев.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана