СДСМ предлага превентивни мерки за заштита на работниците

Од:

Опозициската СДСМ денеска оцени дека надлежните институции не си ја вршат добро работата за заштитата на работниците кои се изложени на екстремни услови од топлото време. Предлага да се изготви стандардизиран акциски план за превентивно делување од топлотните бранови со висок индекс на зрачење што ја зафаќаат Македонија секоја година.

Препораките, апелите и инцидентните контроли на трудовата инспекција се задоцнети. Трудовата инспекција како по правило доцни со своите увиди. Заради нередовните контроли нема јасен преглед на сите прекршувања на Законот за безбедност и здравје при работа. Воедно не постои превентивна заштита на работниците од здравствени ризици, рече на прес-конференција Тоше Зафиров, член на Економскиот совет на СДСМ.

Со превентивните мерки СДСМ предлага наметнување обврски на работодавачот проценката за ризикот на работното место секогаш да ја прави со активно вклучување на работниците, како и да се пропишат условите за работа на работниците.

Во периодите меѓу 08 и 11 часот, при екстремни температури и извршување на тешки работни задачи да се воспостави правило за работа од само половина час, а половина час да има пауза. Работниците да имаат организирана достава на свежа, питка и ладна вода, да се пропишат услови за миење, соодветна работна облека, санитарија, адекватно сместување и определена зона за одмор, како и обезбедување на посебна просторија за спремање на оброци и исхрана. За периодот од 11 до 17 часот да важи одлуката за прекин на изведувањето на работа на отворено, рече Зафиров.

СДСМ со планот предлага и зајакнување на капацитетот на државната апаратура, која треба да ги контролира и спроведува правилата и прописите при работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски