СДСМ: Правото на протест е неспорно, но тука станува збор за организирани закани врз пратениците

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Христијан Мицкоски.

„На граѓаните на Струмица и околината Мицковски им должи извинување затоа што 11 години беа заборавени од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да ги напушти политиките на поделби, конфликт и омраза.

СДСМ нема да дозволи деструктивните сили во општеството да ја загрозат иднината на државата, ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците.

Правото на протест е неспорно, уставно загарантирано. Но, јасно е дека тука не станува збор за протести, туку за организирани закани врз пратениците, врз нивните семејства и нивните домови. Лесно може да се заклучи кој стои зад ова, но ВМРО ДПМНЕ мора има предвид дека заканите, сеењето омраза и поттикнувањето насилство се кривични дела.

Секој кој ја загрозува сигурноста или безбедноста на кој билој граѓанин, мора да сноси одговорност“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски