СДСМ: Правда ќе има, нема спас за Никола Груевски и неговото друштво

Од:

Колку и да шират невистини, медиумските курири не можат да ги покријат поразите на Никола Груевски и бегањето на ВМРО-ДПМНЕ од слободни, фер, демократски и регуларни избори, вели СДСМ.

„Пропадна и една од последните надежи на Никола Груевски, аболицијата од Ѓорге Иванов. Следува одговороност за криминалот.

Корупцијата и криминалот на власта, реалноста, 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак.

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на Курир за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра.

Токму затоа, медиумските курири вистински платеници коишто засилено шират невистини за да ја прикријат вистината, која е болна за оваа криминална власт.

Но, ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност. Најмалку лагите и медиумските хајки што куририте ги водат против независната институција Специјално јавно обвинителство.

Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории. Оттука, непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата мора да биде обезбедена и загарнтирана.

Едно е јасно, правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за Никола Груевски и неговото друштво.“, порачува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО