СДСМ: Правда достапна за сите, следува намалување на судските такси за физичките лица

Од:

„СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните.

Владата предовдена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари“, соопштува СДСМ.

„Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци.

Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.

Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана