СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го преиспитаат однесувањето

Од:

„Темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, со декларацијата потпишана од сите политички партии од владината коалиција предводена од СДСМ. Во време на глобална економска и енергетска криза потребно е вклучување на сите капацитети за поддршка на граѓаните и на компаниите, за политиките и мерките за справување со последиците од кризата“, соопшти СДСМ.

„Ефикасноста во донесување на законите е еден од начините. Токму затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат однесувањето и да дадат поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа.

Овој ребаланс обезбедува дополнителни средства за нови антикризни мерки, за повисоки плати и пензии, за повеќе инвестиции во енергетиката и производството на храна и затоа е важно тој да биде усвоен што побрзо.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и компаниите за помош во време на криза да бидат усвоени.

Граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните