СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот играч Мицкоски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Антонио Милошоски.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски денеска одново покажаа дека по секоја цена сакаат да ја блокираат иднината на Македонија во ЕУ и НАТО.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да дејствуваат слободно и да се спротивстават на антизападниот партиски играч Мицкоски и антизападното раководство на партијата.

Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните да ја следат јасно изразената мнозинска волја на над 80 отсто од граѓаните и да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на уставните измени во Собранието.

Антизападното раководство на ВМРО-ДМПНЕ на ниту ниеден начин нема да ја закочи иднината во ЕУ и НАТО. Македонија го продолжува патот кон полноправно членство во НАТО и ЕУ без разлика што тоа не му се допаѓа на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО