СДСМ: Пратениците кои бојкотираат да се откажат од платите и привилегиите

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување. Тие итно треба да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и се што им следува, бидејќи тоа не го заслужуваат“, соопшти СДСМ.

„Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да служат на оние од кои се бирани и платени, му служат само на лидерот од белата палата.

ВМРО-ДПМНЕ останува единствената партија која во време на криза се обидува да отежне, дополнитлено да го загорчи животот на сите граѓани и да блокира се што е во интерес на надминување полесно на состојбите.

Ваквата антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.

СДСМ остро ќе се спротистави на овие блокади и ќе најде начин како да ги донесе законите од интерес на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО