СДСМ: Пратеничката група ќе го соопшти ставот откако иницијативата за референдум ќе се најде пред пратениците

Од:

Пратеничката група на СДСМ ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците, реагира СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ објави дека имаат информации оти СДСМ преку претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе ја отфрли иницијативата за референдум.

Од СДСМ порачаа дека опозициската партија пред да обвинува, треба да ја научи процедурата.

„Иницијативата не е стигната пред пратениците и оттука ваквите обвинувања се паушални, односно тенденциозни со цел ВМРО ДПМНЕ гласно да не го каже она што го знае, дека референдумот против ЕУ нема да успее.

Ова покажува дека всушност единствената цел на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е преку барањето за референдум да ја спасува својата фотелја и токму затоа секојдневно ја злоупотребува темата со паушални и неосновани обвинувања.

Пратеничката група на СДСМ како и секогаш во изминатите години ќе постапи државнички, а ставот ќе го соопшти откако иницијативата ќе се најде пред пратениците“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага