СДСМ: Поврзаноста на инсталациите во судството со медиумскиот мрак – доказ за потребната реформа во медиумите

Од:

„Партиско-фамилијарните испостави на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во судството се поврзани и со шемата за контрола врз медиумските курири.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Две недели нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на Радио Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд за заштита на изборниот криминал.

Ова е уште една потврда дека медиумските курири се директно поврзани со фамилијарните инсталации во судството.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа за слободни медиуми“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат