СДСМ: Повеќе зелено, успешно спроведена акцијата за пошумување во Ресенско

Од:

Акцијата за пошумување којашто денеска ја реализира Социјалдемократската младина и СДСМ успешно беше спроведена во Ресенско.

Под мотото „Повеќе зелено“ партиски функционери, меѓу кои и Миле Зечевиќ Вардарски, Ивона Кузмановиќ, Менде Диневски, Наумче Мојсоски, Томе Христоски, Борче Петковски, Весна Томовска, Бети Рабаџиева, Методија Илиевски, заедно со членови, активисти, млади, пратеници, засадија 2.000 садници на потегот кај населеното место Штрбово, Ресенско.

Заедничката еколошка акција на младите социјалдемократи и СДСМ е придонес кон големата акција за пошумување којашто веќе ја спроведуваат надлежните министерства и надлежни институции.

Пошумувањето е значајна и општествено одговорна активност која го зголемува зеленилото, влијае на создавање здрава и животна средина и поттикнува еколошка свест, соопштија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски