СДСМ: Потврдена криминална партија како ВМРО-ДПМНЕ освен криминал не може да понуди ништо

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е докажан симбол на криминал и корупција, партија заглавена во режимската матрица од која нема намера да излезе. ВМРО-ДПМНЕ е една од најбогатите партии во Европа, која од скромна жолта куќа стана бела палата, во која има кинески лустери од 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра“, соопшти СДСМ.

„Половина од поранешното и дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно е по судовите, под обвиненија и пресуди за сторени тешки кривични дела.

Блиски соработници на Христијан Мицкоски и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени во криминална афера за препродажба на земјиште вредна 1,6 милиони евра. Бројни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле злоупотреба со уличното осветлување на штета на граѓаните и општините.

„Титаник“ „Тенк“ „Таргет – Тврдина“ но и последниот случај „Талир 2“ во кој се бара заплена на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се наследството од 11 годишниот криминален режим на партијата предводена од Христијан Мицкоски.

Одамна на граѓаните им е јасно дека оваа партија не може да понуди ништо освен криминал и расипништво“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО