СДСМ: Потребна е вонредна состојба, следуваат економски мерки за ублажување на ударот врз стопанството

Од:

„Јавното здравје е соочено со огромен предизвик од глобални размери и затоа сите граѓани мора да ги почитуваат мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид – 19.

Сите граѓани сериозно да ја сфатат ситуацијата и доследно да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, бидејќи секој поединец што се заштитува себе, истовремено ги заштитува и другите и дава придонес за полесно надминување на состојбата.

Граѓаните непотребно да не патуваат во странство, а оние македонски граѓани кои имаат престој во странство да се воздржат од враќање во земјата и да ги почитуваат мерките во државата каде што се наоѓаат. Сите гранични премини се затворени за премин на странски државјани, освен за влез на товарни камиони и претставници на дипломатскиот кор. Се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје за патнички сообраќај“, велат од СДСМ.

„Согласно анализите и проекциите за економските последици, владата подготвува сет економски мерки за помош на стопанството, фирмите и граѓаните, за помош на најпогодените.

Веќе се замрзнати цените на основните продукти: на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства со состојба на денот на прогласување на пандемијата од Светската здравствена организација (СЗО), освен за оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

За побрзо и поефикасно надминување на последиците од коронавирусот неопходно е воведување на вонредна состојба со што ќе се постават поефикасни механизми за помош на здравствениот сектор, но и механизми за итна, навремена и ефикасна помош кон стопанските гранки кои се најмногу погодени од вирусот.

СДСМ уште еднаш им се заблагодарува и им оддава јавно признание и почит на сите кои учествуваат во превенцијата и борбата против овој вирус, здравствените работници, полициските службеници, припадниците на армијата, службениците, институциите.

Државните институции работат во полн капацитет, непрекинато максимално посветени и несебично се ангажираат да продолжат да ја држат ситуацијата под контрола.

Веруваме и во капацитетот на институциите и на граѓаните и очекуваме дека нивната одговорност и сплотеност ќе помогнат во справувањето со вирусот ковид-19. Здравјето пред се“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ