СДСМ: Потребна е лидерска средба, граѓаните треба да видат слика на заедништво

Од:

„Македонското општество се наоѓа пред важен тест на зрелост и одговорност. Настаните од изминатите денови кога се случија сериозни инциденти, со палење на државното знаме, пукање со оружје и поткопување на меѓуетничките односи сериозно ги вознемирија граѓаните, удрија по темелите на соживотот, безбедноста и сигурноста. Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија повикува на итно одржување на лидерска средба со сите парламентарни партии“ соопштија денеска од опозициската партија.

Велат „потребно е заедничко делување на сите релевантни политички чинители, политичарите да покажат зрелост во овие моменти и заеднички да помогнат за стабилноста на државата“.

„Граѓаните треба да ја видат сликата на заедништвото – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици. Само на овој начин може да се испрати јасна порака: Македонија е и ќе остане држава на мирот, соживотот и почитувањето на различностите. СДСМ ги повикува сите граѓани на смиреност и воздржаност. Да ги зачуваме меѓусебните односи и да продолжиме да градиме општество на доверба и разбирање“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ