СДСМ: Потребен е раст на БДП од над 5% за подобар живот на граѓаните

Од:

Животниот стандард на граѓаните и во 2016 е значително низок и се повеќе граѓани живеат под прагот на сиромаштија. Тие не се во можност да си ги задоволат основните животни потреби.

Мизерниот животен стандард на граѓаните го потврди и Државниот завод за статистика со само 2,2% раст на БДП.

Од 2007 година заради недомаќинското водење на економијата од страна на неодговорната власт просечниот раст на БДП е заглавен на ниво од 3% што е премалку за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Како резултат на промашените економски политики државата денеска се соочува со брзорастечки јавен долг, ползечки раст, домашна неликвидност и намален меѓународен рејтинг.

На Македонија `и се потребни и економски промени преку просечни стапки на економски раст од над 5% коишто ќе ги постигнеме преку структурни реформи и промена на структурата на Бруто-домашниот производ.

Преку поврат на дел од ДДВ кон граѓаните ќе воведеме сегментиран државен стимул кај граѓаните со понизок доход со што вистински ќе се стимулира потрошувачката компонента на БДП.

Ќе работиме на зголемување на инвестицискиот потенцијал во приватниот сектор со што ќе ги зголемиме бруто инвестициите како важна компонента на БДП. Тоа ќе го постигнеме и преку навремени и точни исплати од државата кон фирмите со што ќе се зголеми ликвидноста на фирмите.

Ќе работиме на намалување на јазот помеѓу увозот и извозот. Ќе ги јакнеме домашните претпријатија и ќе стимулираме зголемување на извозот.

Крајниот ефект на промените во структурата на Бруто домашниот производ ќе обезбедат повисок реален раст на БДП, а со тоа и реални вработувања во домашните компании и тоа пред се во малите и средни претпријатија.

Со таквата одговорна економска политика граѓаните ќе почувствуваат подобрување на животниот стандард во разумна временска рамка, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби