СДСМ: Потонаа нарачаните анкети, ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на изборите и пад на гласовите

Од:

„Потонаа нарачаните анкети на ВМРО-ДПМНЕ, гласањето во саботата потврди дека анкетите кои си ги нарачува оваа партија немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ на изборите за градоначалник на општините Маврово Ростуше и Центар Жупа доживеа дебакл a во Тетово има пад на гласовите“, соопшти СДСМ.

„Со разлика од 1.300 гласа кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотраше изборите, надевајќи се дека ќе проpаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови.

СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.

Се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачува неточни и погрешни“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски