СДСМ: Поскапи цени за граѓаните и неработа, две години локална власт на ДПМНЕ со резултат нула

Од:

После две години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е нула. Градоначалниците и локалните власти на ДПМНЕ не работат ништо за граѓаните, освен што им ги поскапуваат цените и ги задолжуваат граѓаните, велат од СДСМ.

„Проектите кои ги ветуваа останаа нереализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа збирки на лажни и нереализирани ветувања. Истовремено удираат по џебот на граѓаните со поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги. Мицкоски и ДПМНЕ не ја оправдаа довербата којашто им ја дадоа граѓаните. ДПМНЕ ја има нај неспособната локална власт досега“, се наведува во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите