СДСМ: Попречувањето мирен трансфер на власта е противуставно кривично дело

Од:

„Домашната и меѓународната јавност очекуваат смирување на тензиите и овозможување услови за работа на новиот собраниски претседател и избор на новата реформска Влада.

Укажуваме дека ова е врвен државен интерес и дека секое попречување е тешко противуставно кривично дело.

Потсетуваме дека нарачателите и извршителите на обидот за убиство на пратеници во Собранието, како и насилието врз новинари и вработени во Парламентот, ќе одговараат за своите посапки.

Денешната насилна реторика на организаторите на протестот и паралелните пораки по социјалните мрежи на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поттикнуваат немири со лаги е уште една потврда за синхонизираното, организирано крваво сценарио во Парламентот со што е направено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и бебзбедноста, за што казните се повеќегодишни и затворски.

Неопходно е лидерите на сите партии, институциите, граѓаните кои се злоупотребени на протестите да го сфатат својот дел од одговорноста и да овозможат продолжување на демократските процеси.

Парламентарното мнозинство, по изборот законскиот и легитимен избор на новиот собраниски претседател, исклучиво според Деловникот, Уставот и законите ќе ја избере и новата реформска Влада.

Секое попречување на мирниот транфер на власта е противуставно дело и подлежи на казни“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ