СДСМ: Помпезно најавена инвестиција отиде во стечај, 50 беровци на улица

Од:

Во реалноста, и од Берово се иселуваат младите поради погрешните политики на Никола Груевски кој 10 години мисли само на бизнисите на фамилијата и братучедот Мијалков, реагираа СДСМ.

“Граѓаните на Берово ја делат тешката судбина со цела источна Македонија. Од секое семејство во Малешевијата има по најмалку еден член којшто заминал во Италија, Германија, и многу други земји. Последниот пример во Берово се 50 нови граѓани на улица, без работа, поради затворањето на турската инвестиција УЛАК Амбалаж. Помпезно најавена од Никола Груевски како почетна инвестиција од 1.5 милиони евра во Берово, од 20 ноември годинава УЛАК Амбалаж е во судска процедура на стечај“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Граѓаните истакнува опозицијата се без работа и затоа спасот го гледаат надвор од државата.

„Криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата, корупцијата во изминатие години ги избрка од Македонија и граѓаните и инвеститорите.Затоа граѓаните имаат заедничка идеја: збогум Никола и збогум на твоето корумпирано друштво!

Би можело да ве интересира

Продолжува војната СДСМ-Деспотовски: Хајка на квислингот

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он