СДСМ: Политизацијата на штрајкот на СОНК од ВМРО ДПМНЕ е на штета на наставниците

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира и политизира штрајкот на СОНК, со тоа им нанесува штета на учениците и наставниците. Тоа е истата партија која го урниса образованието, во чие време наставниците беа понижени, уценувани и под постојан притисок“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во образованието во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачи за само 4 отсто.

Низ диајлог платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите.

Но наставата мора да продолжи а СОНК да ги напушти уцените и да каже не на политичката агенда на ВМРО ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?