• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Политиките на ВМРО-ДПМНЕ ги примораа граѓаните да преминат на нееколошки начини на греење

by А1он24/12/2018 - 09:21153
Share0

„Освен што безмилосно го уништуваше зеленилото и ја загрозуваше животната средина, ВМРО-ДПМНЕ преку погубните политики во енергетиката, дополнително го поттикна загадувањето.

Добивај вести на вибер

За време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше укината евтината дневна тарифа на струјата, а електричната енергија поскапе за 100 отсто. Тоа примора илјадници граѓани да преминат на нееколошки начин на загревање, што пак влијаеше за зголемување на загадувањето.

Христијан Мицкоски како советник на Никола Груевски за енергетика и директор на АД ЕЛЕМ, е еден од соучениците во погубните политики во енергетиката што резултираа со урнисан енергетски систем, скапа струја и зголемено загадување.

Наспроти штетите на Мицкоски, денес, Владата предводена од СДСМ, заедно со град Скопје и надлежните институции секојдневно преземаат мерки со за решавање на овој сериозен, долгогодишен проблем.

Интезивно се спроведува проектот за гасификација кој покрај помали сметки за граѓаните ќе придонесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип, се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, долг 92 километри. Се работи и на гасификација на Скопје, делницата од Тетово до Гостивар но и во другите градови.

Се враќа изгубеното зеленило. Постојано се засадуваат нови зелени површини низ сите општини во Град Скопје, со што се исполнува планот за оваа година од 130 илјади квадратни метри зелена површина. Тоа е рекордно засадена зелена површина за една календарска година.

Паралелно се преземаат низа мерки согласно Планот за чист воздух како засилени контроли на инспекциските служби, расчистување на дивите депонии, набавка на еколошки автобуси, субвенции за набавка на хибридни и електрични возила, нови еколошки начини на загревање на училиштата…

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни политики придонесоа да се интензивира загадувањето, Владата предводена од СДСМ и надлежните институции секојдневно преземаат мерки за решавање на проблемо со аерозагувањето“ се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:54

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Горан Наумовски16/01/2026 - 12:16

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:40

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:03

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

Горан Наумовски15/01/2026 - 15:24

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

Горан Наумовски14/01/2026 - 20:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен