„Според Светска банка, не според СДСМ, 626.312 граѓани ја напуштиле државата поради невработеност и достоинствен живот.
Според Светска банка, не според СДСМ, над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.
Но за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ секој кој ја кажува вистината лаже, па и Светска банка.
Груевски сонува бројки, удобно сместен по рајските острови и на луксузните парцели на Водно, во мерцедесот од 600.000 евра и под наочарите од 60.000 евра.
Во тие бројки на Груевски е само неговото богатство.
Во реалноста, затворени се над 10.000 домашни претпријатија со што се загрозении најмалку 10.000 егзистенции. Третина од фирмите во земјава се со блокирана сметка. Македонија е земја без луѓе.
Граѓаните велат доста е“, се вели во соопштението на СДСМ.