СДСМ: Поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политки и интеграција во ЕУ

Од:

СДСМ обезбеди поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и забрзана интеграција на државата во ЕУ. Предлогот на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски за реконструкција на Владата со кадровските решенија е во собраниска процедура, се вели во денешната реакција на владејачката партија.

„Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

Во време, кога се уште трае енергетската и економската криза од големо значење е да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да нема заглавени закони во Собранието. Зголеменото владино мнозинство ќе се грижи за справување со кризата, унапредување на животот на граѓаните, заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.

Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено ќе работат на забрзана европска интеграција. Државата и граѓаните немаат време за губење“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион