СДСМ: Поголем економски раст, поголеми плати и пензии во 2024 година

Од:

Со успешните економски политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра. Платите, пензиите и инвестициите ќе продолжат да растат, економијата ќе се развива позасилено. Економскиот раст оваа година ќе се забрза на 3,4%, инфлацијата ќе продолжи да се намалува на под 4%, а буџетскиот дефицит ќе биде помал. Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии согласно новата методологија, се вели во соопштението од СДСМ.

– Со СДСМ платите и пензиите растат постојано и во сите сектори. Просечната месечна плата по вработен СДСМ ја покачи на 39.000 денари или 630 евра. Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари. Оваа година ќе има и ново зголемување на минималната плата. Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ минималната плата СДСМ ја зголеми за над 100%.

Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија. Пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ и оваа година. Влијанијата на шоковите од енергетската и економската криза врз глобалните економии се уште се присутни, но антикризните мерки го даваат посакуваниот резултат. СДСМ во тешки услови обезбеди историски најсилна економска поддршка за граѓаните од над 2,6 милијарди евра, додека во времето на ДПМНЕ поддршката за граѓаните беше НУЛА – велат од СДСМ.

Со СДСМ има повеќе за сите.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски