СДСМ: Поднесовме пријава за недозволени активности, Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ злоупотребија деца во изборна кампања

Од:

„Овластен претставник на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска поднесе пријава за недозволени активности во тек на изборна камапња до надлежните институции, поврзана со злоупотребата на деца во изборна кампања од страна на Гордана Сиљановска и штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пријавата е поднесена до Државната Комисија за спречување на корупцијата бидејќи од страна на Гордана Сиљановска Давкова, нејзиниот изборен тим и изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ прекршени се одредбите од член 8-в од Изборниот Законик, Кодексот за фер и демократски избори потпишан во ДИК на 31.03.2019г., членот 36 од меѓународната Конвенција за заштита на правата на децата ратификувана од Република Северна Македонија, член 12 став 4 од законот за заштита на правата децата.

Во паника од извесниот пораз во вториот круг и слабата поддршка од граѓаните, Гордана Сиљановска во очај злоупотреби деца без родители и родителска грижа во изборна кампања и за политички цели.

Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ, заради ситни политички поени се обидоа да ја манипулираат јавноста дека децата без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село се соочуваат со недостиг на храна, иако за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата.

Очекуваме надлежните институции веднаш да постапат по ова прекршување“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември