СДСМ поднесе пријава за новинарот Бранко Героски

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи поради загрозување на сигурноста преку јавна закана. Пријавата се однесува на новинарот и главен уредник на порталот „Плусинфо“, Бранко Героски, кој, како што наведуваат од СДСМ, во авторски текст објавен на порталот, но и преку објави на социјалните мрежи, упатил директни закани по животот и телесниот интегритет на членови на партијата и на претседателот на СДСМ, користејќи ја пораката: „ВЕ ЧЕКАМ НА НИШАН“.

Според СДСМ, ваквата порака „не може да се толкува ниту пежоративно, ниту метафорично, туку исклучиво како директна закана со употреба на оружје“, при што заканата е упатена јавно и кон неопределен број лица.

Дополнително, од партијата посочуваат дека пред објавувањето на текстот, Героски на својот приватен фејсбук-профил во повеќе наврати објавувал фотографии на кои позира со оружје, што, во комбинација со јавно искажаната закана, сериозно ја зголемува загриженоста за можни последици.

СДСМ оценува дека станува збор за класично загрозување на сигурноста, казниво според член 144 од Кривичниот законик, кој се однесува на закана по живот или тело, особено кога таа е упатена јавно, преку медиуми и кон повеќе лица поради нивната политичка припадност.

Од партијата очекуваат МВР да постапи професионално, итно и ефикасно, со цел спречување на евентуална реализација на заканите, заштита на безбедноста на граѓаните, спроведување службен разговор со наведеното лице и преземање соодветни законски мерки.

„Јавните закани со оружје не се став, не се критика и не се новинарство – тие се кривично дело“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека нема да молчат пред говор на омраза, закани и обиди за заплашување.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка