ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против градоначалникот на Битола, Талески

Од:

Денеска СДСМ до Основното Јавно Обвинителство Битола, поднесува кривична пријава против Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

„Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на Министерот за финансии и Вицепремиер Зоран Ставрески и Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“.

Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени“, рече на денешната прес конференција Васко Ковачевски, СДСМ Битола.

„Очекуваме Обвинителството да постапи согласно законите.

Немаме доверба во судството поради контролата на власта над правосудните органи, но ние ги почитуваме Уставот и законите и сакаме да оставиме трага од сите овие процеси“, изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?