СДСМ: Подмладокот на Мицкоски црните панделки да ги закачи на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„По 11 години криминал, корупција, неспособност и расипништво, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, денес е опседнато со црнила и мракови.

„Младиот“ Тони Михајловски и членовите на дел од подмладокот на Мицкоски црните панделки треба да ги закачат на скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ– седиштето на најбогатата партија во Европа изградено во време на најголема сиромаштија.

Скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е вистинската адреса за црнилата во која Македонија беше завиена цели 11 години, тоа е симболот на криминалот и расипништвото.

Македонија конечно тргна во вистински правец и враќање назад кон црнилата на ВМРО-ДПМНЕ, кон криминалот, изолацијата, сиромаштијата нема да има.

Црнилата завршија со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија денес е демократска, економски перспективна земја – држава пријател на демократскиот свет“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата