СДСМ: Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, во ЕУ како Македонци со заштитен идентитет

Од:

„Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, посветено да работиме, за граѓаните да живеат како сите останати народи од Европската унија. По 17 години од добивањето кандидатски статус, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ“, соопшти СДСМ.

„Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.

Истовремено, македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија.

Во ЕУ влегуваме како Македонци, со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.

Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од Европската унија.

Сега е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за да можеме брзо и одлучно да го оствариме сонот на нашата генерација, за доброто на идните генерации.

Иднината на Република Северна Македонија е обезбедена и таа е европска“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски