СДСМ: Подготвени сме за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Од:

„СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев изминативе три години донесе тешки, паметни и храбри одлуки за затварање на децениските прашања, со кои се отворија преспективите кон ЕУ и НАТО.

Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот. Македонската армија e дел од најмоќниот безбедносен сојуз, градиме модерна армија, армија на граѓаните.

Тоа не значи само значи безбедност и стабилност за државата, туку и отворање пазар вреден 4 милијарди евра годишно за нашите компании преку членството во НАТО, како и повеќе пари за граѓаните“, велат од СДСМ.

„Тоа го покажуваат сите економски параметри во последната година и повеќе. Само по добивањето на поканата за членство за НАТО во 2018 година, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со 2017 година.

Невработеноста сега е на рекордни најниски 17 отсто, а платите растат буквално во сите сектори.

Довербата во македонската економија е вратена, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.

Влеговме во НАТО – можеме и во ЕУ! Сега сме чекор поблиску до преговорите со Унијата и отворање на првите поглавја. Доказ за тоа е последниот Извештај на Европската комисија, кој нотира значаен напредок во сите области: во правосудството, во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација.

Сторивме се што беше до нас, на ред е ЕУ да ја исправи грешката и да започне преговори за членство.

Подготвени сме за почеток на преговорите. Отварањето на преговорите за нас ќе значи трансформација на целото општество, но и пристап до нови фондови, до повеќе пари за зелена агенда, за енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализација, патишта, водовод, повеќе работни места, повисоки плати за работниците, повеќе профитабилни домашни компании.

Затоа, од европските фондови обезбедуваме 2 милијарди евра за Северна Македонија во годините коишто претстојат пред нас. Тоа се европски пари за европски стандард дома.

Паметните и храбри одлуки на СДСМ и претседателот Заев конечно донесоа предвидливост и победа и за нашата земја и за нашиот народ.

Храбрите политики победуваат и повторно ќе победат на 12 април. Граѓаните ќе дадат масовна поддршка на нашиот концепт кој води со крупни чекор напред кон иднината“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он