СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и повеќе инвестиции во образованието

Од:

Новата учебна година за околу 255.000 основци и средношколци започнува денеска во подобрени услови за одржување на наставниот процес, кои се должат на сериозните вложувања на СДСМ во изминатите пет години во унапредување на образованието, како за зголемување на платите, така и во инфраструктурата. Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе повисока за 15 проценти, по постигнувањето на договорот меѓу Владата и СОНК, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„СДСМ се залага достоинствено да се вреднува трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, вработените во основното и средното образование сега ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.

Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Се опремуваат 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјава, со што тие добиваат современи кабинети по физика, хемија, биологија и географија.

Обезбедуваме поддршка и за учениците. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари.

Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400. СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната