СДСМ: Победи Македонија, ова е нов почеток за сите нејзини граѓани!

Од:

„Денеска победи Македонија! Ова е нов почеток за сите граѓани на нашата татковина, Република Македонија.

Започнува нормализација на институциите и процес за создавање на одговорна власт којашто ќе работи само за интересот на граѓаните на Македонија.

Граѓаните сакаат промени на лошите политики и тие промени ќе се случат на изборите на 24-ти април!

Падот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е незапирлив процес.

Македонија победува за враќање на демократијата, слободата, еднаквоста и владеењето на правото.

Македонија победува за подобар живот, за враќање на парите кај граѓаните и нивното достоинството.

Македонија победува за младите да имаат обезбедена иднина дома, во сопствената земја. Победува европска Македонија! Македонија порачува: Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО