СДСМ: По скандалозната одлука за 27 април очигледно е дека заканите на Мицкоски кон судството даваат резултат

Од:

По скандалозната одлука на судот очигледно е дека заканите на Мицкоски кон судството и обвинителството, како и неговата спрега со ДУИ даваат резултат. На 27 април 2017 година, македонската демократија беше нападната на најбрутален начин. Во денот кога требаше да се спроведе демократската волја на народот, Собранието беше претворено во бојно поле. Толпа од насилници, водени од јасна цел, изврши насилен упад, напаѓајќи ги пратениците и новинарите. Тоа не беше спонтан настан, туку организиран напад чија цел беше да се спречи демократската промена на власта. Со одлуката на судот да ги амнестира обвинетите за организирање на ова насилство, правдата претрпува тежок удар, а македонското општество се соочува со опасен преседан, велат од СДСМ.

„Како е можно напад од вакви размери врз највисоката институција на државата да нема организатори? Зарем некој може да поверува дека толпа граѓани сама по себе, без координација и план, пробила полициски кордон и насилно го запрела демократскиот процес?

Одлуката испраќа опасна порака – дека насилството врз институциите и обидите за уривање на државноста може да поминат неказнето. Ова не е само правен, туку и длабоко политички и историски преседан. На 27 април животите на народните избраници тогаш беа директно загрозени. Пратеници беа брутално нападнати, новинари беа малтретирани, а целата земја беше сведок на насилство кое остави трајни трауми. Ако денес организаторите останат неказнети, што ни гарантира дека ваков напад нема да се повтори утре? Ако овој преседан се прифати, тогаш насилството станува новото средство за решавање на политички несогласувања, а тоа е пат кој води кон хаос и уништување, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски