СДСМ: По само 50 дена владеење на ВМРО-ДПМНЕ пироманска, Скопје е во целосен хаос

Од:

Од СДСМ реагираат на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ пироманска да ја праша градоначалничката на Скопје и нејзиниот директор на ЈП Улици и патишта зошто се запали објектот на оваа институција.

Исто така Арсовска треба да одговори зошто го поништи јавниот оглас за вработување на 20 нови пожарникари во скопската противпожарна бригада.

Хировите и каприците на Арсовска ја загрозуваат безбедноста на градот Скопје и граѓаните. Неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се потврдува на дело.

По само 50 дена градска власт на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје е во хаос, се раскинуваат договори за готови проекти, горат објекти на јавни институции.

Граѓаните заслужуваат градски власти посветени на развој и напредок на градот, а не луѓе што работат против нивните интереси“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија