(ВИДЕО) СДСМ: По прислушувањето Груевски го омекнува Ахмети

Од:

По скандалот со прислушуваните над 20.000 граѓани од страна на Груевски и Мијалков, меѓу кои се и нивни најблиски соработници, но и коалицискиот партнер, Али Ахмети, во последните два – три дена се случуваат масовни полнења на Секретаријатот за рамковен договор во Владата, на Кабинетот на премиерот Груевски, на Јавното обвинителство во Република Македонија, рече Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ.

Вчера, 12 февруари, отворен е оглас за нови 154 вработувања во владиниот Секретаријат за спроведување на рамковниот договор!

Бројката на лица влезени во овој Секретаријат во последните неколку години, без новиот конкурс е 3 334 луѓе, за кои плаќаме над 39 милиони евра годишно.

Она што се издвојува во бројните огласи, освен ширењето на Секретаријатот за рамковен договор, е и ново проширување на Кабинетот на Никола Груевски.

Вчера, 12 февруари, распишан е оглас за нови 37 државни службеници во неговата канцеларија.

Само пред десетина дена заврши огласот за лица во Кабинетот на Груевски за следење на проекти од Програмата на Владата, без да се знае колку луѓе се примени.

Во Генералниот секретаријат на Владата постојат тела и луѓе за подготовка и следење на спроведувањето на годишната програма на Владата.

Ова отвора оправдан сомнеж дека Груевски прави пара министерства во неговиот кабинет, после евидентната недоверба во неговите најблиски соработници, што го покажа нивното прислушување.

Во прилог на овој сомнеж оди и фактот дека само во последната година, од достапните огласи, Канцеларијата на Груевски била проширена со 67 позиции, главно негови советници, кои ја чинат државата половина милион евра годишно.

Вчера, 12 февруари, е отворен оглас и за нови 36 лица во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Само вчера, среде ноќ, непосредно по полноќ, се распишани 70 огласи што се однесуваат и на други државни и јавни органи.

Ова се случува само на два дена до утрешното стапување на сила на новите закони за администрација со ригорозни мерки и критериуми за овој тип вработувања, изгласани токму од оваа власт, којашто периодов најдиректно ги изигрува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“