СДСМ: По изборниот пораз Мицкоски и Апасиев со денови ги нема, да не чекаат насоки од Будимпешта?

Од:

„По поразот на вонредните локални избори Мицкоски и Апасиев со денови никаде ги нема. Не се појавуваат во јавноста, ниту пак на социјалните медиуми, јавноста од нив не слушна ни збор“, соопшти СДСМ.

„Дали заедно чекаат насоки од Будимпешта? Очигледно се зашеметени од поразот, не знаат што да кажат по шамарот од граѓаните, кои им упатија јасна и недвосмислена порака дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности.

Пораките од вонредните избори се јасни. Двојна победа на СДСМ и Коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа и преполовена поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Тоа е пораз на антиевропската коалиција. Затоа Мицкоски и Апасиев со денови не излегуваат во јавност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски