СДСМ: По 9 години масакр на правната држава, Груевски моли за нова шанса

Од:

„Готово е Никола Груевски! Овој човек, по 9 години масакр на правната држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим, денеска излезе пред граѓаните да моли за нова шанса, за „новиот тест“ пред којшто се нашол.

Ова е доказ за неговата безнадежност поради којашто тргна да ја врти Македонија“, велат од СДСМ.

„Стекнал искуство, вели. Како да некој се сомнева во тоа. Слушнавме како вешто купувал парцели преку рајски канали, како ги цепкал за да ги сокрие, како мамел сопартијци да протестираат за да му ги штитат парите, како научил да користи динамит за да крева во воздух објекти на неистомисленици, како местел политички опоненти во затвор, како поставувал обвинители и судии за да ги штитат интересите на неговата фамилија, како манипулирал со човечки судбини.

Прислушувал, следел, се навикнал сето нанесено зло сеирџиски да го гледа, уживал во овие одвратни сцени што ги менаџирал преку медиумите под негова контрола“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Точно е, бедемот е поставен, сценаријата на Никола Груевски и тесната група околу него се откриени.

Го повикуваме Никола Груевски да не помисли да се обиде да калкулира за лични цели, каква што намера покажува.

Дојде моментот на соочување со реалноста. Груевски повеќе не може да се надева на преодна оценка“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра