СДСМ: По 15 години чекање С. Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ, успешните политики на СДСМ и Заев се вреднувани

Од:

„За само две и пол години успешните политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев овозможија остварување на стратешките цели на државата.

По приемот во НАТО, Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ. Советот за општи работи на ЕУ се согласи дека нашата држава треба во најбрз можен рок да ги започне преговорите за членство со ЕУ.

Ова е една голема потврда и признание за сите заложби кои ги направивме како држава за релативно краток период , за само 2.5 години.

Добивме големо признание за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции – Владата, Собранието, Судството да ги спроведат реформите поставени како наша цел уште во 2017 година“, велат од СДСМ.

„Постигнавме завидни и значајни резултати во сите овие области. Доказ за тоа се позитивните оценки нотирани во извештаите на Европската Комисија и резолуциите на Европскиот Парламент.

Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.

Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.

Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.

Станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа е мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата која не само нас као држава, го стави целиот свет под закана по здравјето на луѓето.

Република Северна Македонија продолжува храбро да чекори напред, кон напредок и просперитет за сите нејзини граѓани!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски