СДСМ: Племенски беше начинот на којшто беше реализирано предизборието на последните двојни избори

Од:

Племенски беше начинот на којшто беше реализирано предизборието на последните двојни избори, што придонесе за нефер и недемократски избори, се вели во писмената реакција на СДСМ на текстот на Нетпрес.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се вознемирени бидејки најдиректно, не СДСМ, туку ОБСЕ/ОДИХР и Европската Комисија им соопшија на граѓаните на Република Македонија што се случува. Дека во земјава институциите се политизирани, дека “владеачките партии ги слепија државата и партиите“ , дека постои контрола на власта врз медиумите, постои селективна правда. Брисел побара од власта да овозможи опозицијата да функционира согласно нејзината улога.

Тоа би значело функционална демократија и поради тоа СДСМ ги бара 5 теми за разговор, како и техничка влада како единствен гарант за волјата на граѓаните.

Текстовите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во Нетпрес и другите медиуми под нивна контрола, со надежи за тонење на опозицијата, нема да ја спасат власта од одговорноста дека тие ја тонат државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски