А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Платите стагнираат, трошоците за живот растат – ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните

by А1он12/01/2025 - 09:52204
Share0

Последните податоци од Државниот завод за статистика уште еднаш го потврдуваат она што секојдневно граѓаните го чувствуваат – поголеми цени, поголеми трошоци за живот и економската несигурност, реагираат преку соопштение од СДСМ.

Добивај вести на вибер

Инфлацијата расте и го јаде стандардот на работниците, на граѓаните а платите стагнираат.

Трошоците за живот во декември 2024 година се зголемени за 4,4%, сновните животни производи, без кои не може да се замисли ниту еден дом, поскапеле за 4,3%.

Илјадници семејства се приморани да живеат со плати кои едноставно не се доволни ниту за основните трошоци.

Додека граѓаните го чувствуваат овој економски удар, Владата на ДПМНЕ останува нем сведок и директен соучесник во осиромашувањето на народот.

Лажните „новогодишни кошнички“ кои требаше да донесат олеснување, завршија како фарса, големите трговци го зголемија богатството на сметка на народот.

Наместо да обезбеди поддршка за граѓаните и работниците, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остава граѓаните сами.
За период од 7 години СДСМ ја зголеми минималната плата од 8 илјади на над 20 илјади денари а просечната плата од 22 илјади на над 42 илјади денари.

Нашите мерки беа насочени кон граѓаните, додека политиките на ВМРО-ДПМНЕ се целосно насочени кон богатење на елитата.
Слушаме денеска како министрите и функционерите во Владата на Мицкоски со најголеми плати во државата велат дека работниците премногу бараат, многу било зголемување на платите.

СДСМ бара ДПМНЕ веднаш да ги промени овие погрешни економски политики и да обезбеди зголемување на минималната плата на 500 евра, зголемување на платите во сите сектори и укинување на ДДВ за храната. Граѓаните заслужуваат власт која ќе го слуша нивниот глас, која ќе се грижи за нивните потреби и која ќе ги штити нивните интереси, коментираат од СДСМ.

novogodisna kosnickasdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто