СДСМ: Петтиот член на ад-хок телото мора да биде експерт, Груевски не може да спречи фер избори

Од:

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат слободни медиуми, не сакаат објективно информирани граѓани, не сакаат избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат тој глас.

Опструкциите што ги прави Груевски се доказ дека тој и неговата партија се плашат од фер и демократски избори зашто знаат дека неговите катастрофални политики за Македонија ќе доживеат конечна капитулација.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува членовите на ад хок телото за следење на медиумите за избори да го изберат петтиот член за да може ова тело да почне да функционира. Не отстапуваме од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингиренции на ова тело.

Формирањето на Ad hoc Комисијата за следење на медиумското претставување, самоја потврди партизираноста и нестручноста на Агенцијата за АВМУ. После губењето на последниот бастион, Агенцијата за контрола на медиумите, на Груевски не му останува ништо друго освен да го спречи целосното екипирање на Ad hoc Комисијата и да продолжи да го одолговлекува имплементирањето на Пржинскиот договор.

До крајот на оваа година ќе има фер и демократски избори по кои ќе почнат промените во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не може да го спречи тоа, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски