СДСМ: Парламентот и Иванов да го отфрлат насилството на Груевски и без одложување да овозможат мирен трансфер на власта!

Од:

„Неопходен е здрав разум! Парламентот и Горге Иванов се должни да ја испочитуваат и спроведат мнозинската волја на 700 илјади граѓани преточена во 67 пратенички мандати и да овозможат избор на нов собраниски претседател и нова Влада, без одложување!

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција.

Груевски не смее да се заканува со насилство во обид за спас од одговорност за направените криминали со неговите неколкумина соработници.

Вработените во институциите мора да знаат дека заканите од ваков вид на кои што наведува Груевски се противуставни и казниви со закон бидејки се против државните интереси на граѓаните и Р.Македонија.

Никој не смее да ја попречи волјата на мнозинството граѓани кои формираа парламентарно мнозинство со обврска да формира Влада.

Граѓаните ги чекаат промените од Програмата на новата реформска Влада и недозволиво е да се блокира целата држава поради криминални нафтени платформи на двајца братучеди!

Мирниот трансфер на власта е највисок државен интерес за Република Македонија и институциите се должни да овозможат спроведување на демократските процеси.

Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните согласно Деловникот, Уставот и законите во Р.Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ