СДСМ: Парламентарното мнозинство ќе ја спроведе граѓанската волја, а не на Груевски и Иванов!

Од:

„Парламентарното мнозинство од 67 пратеници, избрано на кредибилни избори ќе го избере новиот собраниски претседател, а потоа и новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија. Тоа ќе се случи многу брзо, според Деловникот, Уставот и законите.

Постои легитимно формирано парламентарно мнозинство коешто е власт во државата, зад кое што стојат најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени на режимот.

Тоа мнозинство има обврска да ја спроведе граѓанската волја.

Исто така има обврска да ги спречи деструктивнте политики на Ѓорге Иванов и на Никола Груевски, што за криминални интереси на Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја загрозуваат стабилноста на државата и квалитетот на живот на граѓаите.

Очигледно е дека недостига здрав разум, штом Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште се надеваат дека се некаков фактор во политичките процеси, иако со нив граѓаните расчистија на 11 декември 2016 година, кога ги избраа избраа промените, а дека се опозиција којашто мора да овозможи мирен трансфер на власта порачува и целата меѓународна заедница.

За да биде јасно, повторуваме, дека Груевски напразно моли да седне на преговарачка маса. Амнестија нема! Ќе има правна држава којашто ќе важи за сите граѓани подеднакво.

Груевски нема право да нуди 51 избран пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како да се негова лична своина. Прво, парламентарно мнозинство веќе постои и тоа никој не го бара од него! А и дали некои од опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе најдат здрав разум и ќе ги поддржат реформите по формирањето на новата реформска Влада, исто така не зависи од Груевски.

Исто така, граѓаните не сакаат повеќе памлети и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се помири дека таканаречениот Манифест може биде дел само од нивните витрини. Постои Програма на новата реформска Влада што е единствен валиден документ за граѓаните и којашто им обезбедува квалитетен живот на сите, во правна држава, унитарна, со евро-атланстки перспективи.

Лагите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на непостоечки теми завршија. Ќе има многу брзо нова реформска Влада затоа што тоа е мнозинска волја на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски